За Ердоган невозможно е да нема одговор на убиството на Сулејмани

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата изрази мислење дека би било погрешно и невозможно да се остави без одговор американската ликвидација на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад и додаде дека во последниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп го повикал „да се воздржува од ескалација на тензиите“ со Техеран.

Во интервјуто за телевизијата CCNTurk, Ердоган рече дека Анкара е загрижена од развојот на конфликтот меѓу САД и Иран, кој ја зголемува нестабилноста во целиот регион.

„Со загриженост го следиме развојот на ситуацијата меѓу САД и Иран, што го зголемува ризикот од нестабилнот во нашиот регион. И не самочпоради она што се случи во Ирак, проблеми постојат и во Сирија, се одвиваат одредени настани во Либија… Меѓу САД и Иран тензиите периодично се јавуваат… Ова може да експлодира. Треба да се размисли каде тоа може да води?“, рече Ердоган за CNNTurk.

„Сметам дека е невозможно да се остави без некаков одговор убиството на кој и да е командант кој бил дел од највисоките ешалони на власта во некоја земја“, оценува турскиот челник, одговарајќи на прашањето на новинарот за коментар на настаните поврзани со убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Ердоган притоа рече дека во неодамнешниот телефонски разговор со американскиот претседател Трамп го повикал „да се воздржи од зголемувањето на тензиите во однос на Иран“. „Сега е неопходно да се презема контролата над оваа напната состојба која може да предизвика штети за сите инволвирани страни“, додаде турскиот претседател.

Во петокот Пентагон ја потврди оперцијата во којашто близу меѓународниот аеродром во Багдад беше убиен во американски напад командантот на иранските специјални сили Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани, и вториот човек на ирачките шиитски паравоени формации, Абу Махди ал-Михандис. Според Вашингтон, оперцијата имала одбранбен карактер, со цел да се заштитат американските трупи на Блискиот исток.

Иранскиот Висок совет за национална безбедност на вонредната седница вети дека ќе им се одмазди на САД за убиството на Сулејмани. Во соопштението доддека дека „Америка ја сноси целата одговорност за последиците од оваа злосторничка авантура“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нападот во Багдад го нарече „манифестација на тероризам“ од страна на САД. Во писмото кое уште во петокот го упати до Советот за безбедност во ОН, официјален Техеран повика на „осуда на непримерниот злосторнички акт“, а исто така посочи на своето право на самоодбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.