За евентуалните 2000 тужби ќе одлучуваат 28 управни судии за 60 часа

До Управниот суд се уште не е приситгната ниту една тужба од партиите чии приговори ДИК ги одби вчера. ДИК треба да ги достави одлуките до партиите и потоа почнува да тече 24 часовниот рок за поднесување на тужби по што Управен има 60 часа за да одлучи.

Ако до Управниот суд пристигнат тужби од сите одбиени приговори од ДИК над 2.000, тоа ќе биде рекордна бројка со која овој суд до сега не се соочил, вели за Телма претседателот на судот Бурим Сејдини. 28 судии избрани со жрепка ќе постапуваат по овие предмети. Сејдини иако е оптимист дека ќе ги запазат рокови од 60 часа за одлука, сепак  се надева и на совесноста на партиите да не ја одолговлекуваат постапката.

„Преземаме дејствија за се да тече брзо. Сепак треба да се испраќаат покани и други процесни дејствија што траат временски. Но сметаме и на разумноста дека нема да се преземаат дејствија за да сезагушат институциите. Доколку се поднесат 2000 тужби по 5 минути за секоја ние веќе ќе бидеме надвор од рокот а треба и да се напиштат пресудат“, изјави Бурим Сејдини претседател на Управен.

Проблем со кој се соочува периодов Управен се и просторните услови за одржување на јавните расправи како што бара законот. Наместо во судници предметите ќе се судат во канцеларии затоа овој суд и покрај апелите на судиите не се пресели во друг посоодветен објект. Од една страна расправите треба да се јавни со присуство на странки и јавност а од друга страна нема простор за да се одржи соодветната дистанца пропишана поради пандемијата.

Најголем дел од приговорите на Левица кои беа речиси 2.000 ДИК ги отфрли бидејќи немале соодветен потпис и печат. Од партијата најавија тужби пред Управен, но со печат. Сејдини вели дека судот треба да ја цени законитоста на решението на ДИК без да навлегуваат во содржината на приговорите.