За Героски Македонците се овци, за Пендаровски стока

Медиумскиот експонент на СДСМ „Слободен Печат” на својата насловна страница објави фото-монтажа со крајно навредлива контација за речиси половина милион Македонци.

На насловната од денешниот „Слободен печат” се наоѓа фото-монтажа на која овци влегуваат во куќа на која стојат ознаките на ВМРО-ДПМНЕ, а пред куќата се наоѓа човек на кој е намонтирана главата на премиерот Никола Груевски.

sloboden-pecat-1

Ова не е прв пат СДСМ и нивните медиумски експоненти да го едначат со добиток народот кој не се согласува со нивните поимања на правото на слободно размислување.

Кандидатот на СДСМ за претседател на последните избори Стево Пендаровски во неколку наврати граѓаните кои го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ ги нарече „стока затворена во бачило”.

Љубомир Фркчовски 100-те илјади Македонци кои беа присутни на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти мај ги нарече „толпа која можеби и мисли”. Вечниот лидер од сенка на СДСМ Бранко Црвенковски од позиција на поразен на избори го обвини народот дека греши.

Сега реториката ја презема и медиумот раководен од човекот кој заговара федерализација на Македонија, Бранко Героски, кој важи за еден од идеолозите на денешните политики на СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија докажале дека оние кои им го навредуваат достоинството секогаш ја добиваат заслужената казна.