За глупоста и нејзиниот плод – Стравот!

Луѓето што не се мрзливи, што не се глупави, што размислуваат, анализираат и формираат изграден и аргументиран СТАВ се НЕПОЖЕЛНИ во овој суров манипулантски ТОТАЛИТАРЕН систем!

680

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров

Под „глупост“ ја подразбирам мрзливоста и рамнодушноста да не бидеш свој, да немаш изграден став и непрестано да и слугуваш и да и се додворуваш на околината што му се поклонува на идолот на комформизмот, егоизмот, површноста и лажната претстава за сигурност!

Манипулантите, од сите врсти, од политички до религиозни својата манипулација (можност да управуваат со мислите и делата на мрзливите глупави луѓе) ја ТЕМЕЛАТ на ГЛУПАВОСТА на мрзливите луѓе!
Целиот наш свет, начинот на живот во овој наш свет, е систем во кој манипулантите – во секоја смисла на зборот – се хранат, богатат и ВЛАДЕАТ преку стравот на глупавите! СИСТЕМОТ Е СУРОВ! „Богот“ на манипулантите е КОМФОРОТ, лагоден бесмислен живот на туѓ грб!

Луѓето што не се мрзливи, што не се глупави, што размислуваат, анализираат и формираат изграден и аргументиран СТАВ се НЕПОЖЕЛНИ во овој суров манипулантски ТОТАЛИТАРЕН систем!

СУРОВИОТ СИСТЕМ ги принудува да бидат БЕСКОМПРОМИСНИ, реални и НЕСЕНТИМЕНТАЛНИ! ЗА ЖАЛ, ТАКВА Е РЕАЛНОСТА, односно, односите помеѓу оние кои се ловци и оние кои се плен во овој суров систем наречен ПРЕЖИВУВАЊЕ!!

Најголем и најсигурен ОДРЖУВАЧ на овој суров систем е УПЛАШЕНАТА ГЛУПОСТ што поттикнува немоќ – зашто манипулантите од секогаш биле само БЛЕФЕРИ кои својата лага ја хранеле со изманипулираната немоќ на мрзливите и глупави луѓе!

Skin Delight