За Хилари Клинтон „срамно“ е што Лондон не го објавува извештајот за „руското мешање“

Британското необјавување на парламентарниот извештај за наводното руско мешање во политиката на Обединетото Кралство е „необјасниво и срамно“, изјави во вторникот поранешната американска државна секретарка и поразена претседателска кандидатка Хилари Клинтон, на што британскиот заменик министер за финансии Риши Сунак одговори дека извештајот мора да ги мине постапките за проверка пред да биде објавен.

Кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон во Даунинг Стрит сѐ уште не го одобри објавувањето на извештајот на парламентарната Комисија за разузнавачката служба и безбедноста (ISC), кои ги провериле безбедносните служби и веројатно нема да биде објавен пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12-ти декември.

Велика Британија ја обвини Русија за наводно мешање и обид да се влијае на изборите на Западот. Москва уште еднаш ги отфрли овие обвинувања и тврди дека Западот е инфициран од антируска хистерија и посочува на неговата финансиска, медиумска и инфраструктурна поддршка на разни наводно невладини организации и опозициски групи во самата Русија.

Комисијата ISC ги истражувала обвинувањата за наводните руски активности насочени против Обединетот Кралство, вклучително и референдумот од 23-ти јуни 2016 година кога победи опцијата за напуштеаена Европската унија, кога Борис Џонсон бепше главниот поброник на брегзитот. Меѓутоа, аналитичари сметаат дека станува збор за обид да се најде изговор да се проблематизира исходот од споменатиот референдум и да се отповика процесот на брегзит.

Хилари Клинтон, која ја обвинува Русија за наводно мешање во американските претседателски избори во ноември 2016 година на којашто беше поразена од републиканскиот кандидат Доналд Трамп а по објавување на WikiLeaks на компромитирачки дописи на водстовото на Демократската партија, вели дека Британците заслужуваат да го видат извештајот пред гласањето.

„Необјасниво е тоа што вашата влада не сака да го објави извештајот за руското мешање. Необјасниво е и срамно. Секое лице кое гласа во оваа земја заслужува да го види извештајот пред изборите“, рече Клинтон за BBC.

Заменикот на британскиот минситер за финасии, Риши Сунак, во вторникот рече дека извештајот сѐ уште не е објавен, бидејќи треба да ја мини неопходната процедура.

„Потполно е нормално извештаите како овој да минуваат постапка на проверка, што можќе да потрае неколку седмици“, реле Сунак за телевизијата ITV.