За иднината во Рома, Мурињо ќе одлучува по финалето на Лига Европа

Жозе Мурињо ќе одлучи за својата иднина по крајот на сезоната.

Тренерот на Рома ќе одлучи за својата иднина во клубот по финалето на Лига Европа, објави „Ил Месаџеро“. Неговиот договор е до 2024 година.

Претходно беше објавено дека ПСЖ е заинтересиран за услугите на португалскиот стручњак.

Натпреварот меѓу Севилја и Рома во финалето на Европската лига ќе се одржи во Будимпешта на 31 мај.