За Интер дербито со Лацио, Калјари го шокираше Наполи

ANSA / MATTEO BAZZI

Во дербито од петтото коло од италијанското фудбаласко првенство Интер на својот „Сан Сиро“ го победи Лацио со 1:0 забележувајќи ја и петтата победа сезонава, а за изненадувањето на колото се погрижи Калјари кое со идентичен резултат славеше на гостувањето кај фаворитот Наполи.

Новата победа на Интер му ја донесе Данило Д’Амброзио во 23 минута. Воедно тоа беше и единствената шанса за домашните во првото полувреме, додека Ласцио имаше три големи прилики но неговите напаѓачи не успеаја да го совладаат Самир Хандановиќ.

Во Неапол, Калјари победи со голот на Лукас Кастро во 87 минута, кој во игра влезе петнаесетина минути претходно, а веќе следната минута Наполи остана со играч помалку, откако беше исклучен Калиду Кулубали.

Своевидно изненадување направи и Аталанта која на „Олимпико“ со 2:0 ја победи Рома, што е првиот пораз римскиот клуб во последните 20 натпревари. „Волчицата“ последниот пораз во сите натпреварувања го доживеа на „Олимпико“ во март минатата 2018 година кога загуби од Наполи со 1:4. Потоа нанижа 12 победи и седум ремија.

Ова е трета гостинска победа за Аталанта годинава, додека за Рома е прв пораз сезонава по двете победи и двете нерешени средби. Победата на Аталанта ѝ ја донесоа Даниел Запата во 70 и Мартен де Роон во 90 минута.

Фиорентина конечни запиша победа оваа сезона. На својто стадион „Артемио Франки“ славеше против Сампдорија со 2:1. Виолите поведоа во 31 минута со голот на Герман Пецела на асистенција на Франк Рибери, а на 2:0 зголеми Федерико Киеза во 57 минута. Гостите, кои од 54 минута играа без исклучениот Жејсон Муриљо намалика со голот на Федерико Бонацоли во 79 минута.

На табелата води Интер со максималните 15 бодови, Јувентус има 13, а Аталанта 10 бодови.

Резултати:

Рома – Аталанта 0:2
Фиорентина – Сампдорија 2:1
Џенова – Болоња 0:0
Интер – Лацио 1:0
Наполи – Калјари 0:1
Парма – Сасуоло 1:0
СПАЛ – Лече 1:3

Во вторник:

Верона – Удинезе 0:0
Бреша – Јувентус 1:2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.