За источните членки на ЕУ германските избори докажуваат дека се во право

Загрижени од амбициите на германската канцеларка Ангела Меркел да оствари посилна интеграција на Европската унија што ќе значи губење на дел од суверенитетот на земјите членки, десничарските политичари источните земји членки укажуваат дека нејзината слаба изборна победа ја покажува оправданоста за нивната загриженост.

Суверенистичките и сѐ повеќе евроскептични влади во источните членки на ЕУ, во прв ред во Полска и во Унгарија коишто влегоа во отворен судир со Брисел, беа изминатите години гласни критичари на пристапот на „отворени граници“ за имигрантите и бегалците што го промовираше германската канцеларка Ангела Меркел. Покрај тоа, се противат и реформите на Европската унија , со коишто повеќе овластувања би му се префрлиле на бирократизираниот Брисел за сметка на овластувањата на националните влади.

Полскиот министер за надворешни работи изјави дека германските избори одржани на 24-ти септември, на коишто конзервативците на Ангела Меркел и нивните партнери во ткн „голема коалиција“ социјалдемократите ги доживеаја најслабите изборни резултати од 1949 година, доказ дека Берлин би требало да ја земе предвид загриженоста на источните членки.

„Таа би требало да се сосредотичи на одржувањето на единството на Европската унија. Госпоѓа Меркел ќе мора да бара нови сојузници, а тоа отвора простор за маневрирање на полската дипломатија. Денес нема атмосфера за федерализација и нема да ја има во поблиска иднина“, вели шефот на полската дипломатија Витолд Вашиковски во разговорот за весникот Polska The Times.

Според последните изјави од Берлина, се чини дека Меркел ја очекуваат долги месеци преговори да ја состави новата коалициска влада, за што ќе преговара со либералите и зелените. Според процените на германските политички коментатори и медиумите, малку е веројатно дека Германија ќе добие влада оваа година. А тоа ќе го намали германскиот притисок врз Полска да ги почитува стандардите коишто од неа ги бара Европската унија.

Десните национално определени владејачки политичари во источните земји членки се надеваат, исто така, дека растот на поддршката за европскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), која стана третата партија во Германија и за неколку години откако постои успеа да влезе во Бундестагот и во парламентите на повеќе сојузни покраини, ќе ја принуди и Меркел да го заостри својот став во врска со имиграцијата, откако во 2015 и 2016 година Германија прими повеќе од милион доселеници.

Унгарија веќе оцени дека германските политичари од изборите ги прифатиле мерките за зајакнување на безбедноста на границите за да се обесхрабрат имигрантите да влегуваат во Европската унија.

„Во врска со некои аспекти од илегалната имиграција сѐ уште расправаме, но постои целосна согласност во врска со главната точка дека заштитата на надворешните граници на Европа е многу важно“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со истакната германски пратеници во Штутгарт минатата седмица.

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан – Фидеш, и блокот CDU/CSU на германската канцеларка Ангела Меркел припаѓаат на ист политички блок во Европскиот парламент, па и покрај критиките од страна на Берлин на неговото владеење, тој ја поздрави изборната победа на Меркел.

„Се молиме тивко секоја вечер за продолжување на мандатот на актуелната канцеларка“, изјави Орбан пред германските избори. Орбан и самиот ќе излезе на избори следниот април на коишто ќе го бара третиот последователен мандат и веројатно сега не сака да се соочи со прашањата за реформирање на ЕУ, сметаат аналитичарите.

„Целта на Орбан е да го задржи просторот за маневрирање отворен што е можно подолго. Тој не сака во скорешно време да се соочи со ‘да или не’ прашањата, како она дали Унгарија треба да влезе во еврозоната или да остане на периферијата“, изјави за Reuters Ботонд Феледуѕ од Центарот за евроатлантски интеграции и демократија во Будимпешта.

Аналитичарите велат дека Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, кој сакаат да го надвладеат неединството во ЕУ, би можеле да ги издвојат поокоперативните источни членки како Словачка и Чешка и да го насочат притисокот врз Полска и Унгарија да ги почитуваат правилата коишто ќе ги одреди Брисел.

Варшава, којашто се наоѓа под истрага на Европската комисија во врска со почитување на стандардите за владеењето на правото и може да биде првата земја членка врз којашто ќе биде применет членот 7 од Лисабонскиот договор за ЕУ, односно да ѝ биде суспендирано на одредено време правото на глас, се подготвува за обновување на критиките. Во полската престолнина очекуваат дека Меркел ќе настапи цврсто ко Полска, дефинитивно не следните месеци додека не ја формира новата влада, но секако кога ќе се средат работите во германската внатрешна политика.