За избори се потребни: пржинска влада, нов обвнител, анкетна комисија

Оставка на актуелниот и поставување на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата кој целосно ќе треба да ги расчисти нерегуларностите на денот на референдумот, формирање на анкетна комисија што ќе ги чешла злоупотребите на референдумскиот процес и „пржинска“ влада – се трите услови за предвремени парламентарни избори што ВМРО ДПМНЕ ги става на маса пред власта.

Според информациите од претходно, како што пренесува „Алфа“, премиерот го посочи 25 ноември како датум на изборниот ден, што пак е невозможно да се организира, пред се според Законот за влада и пржинскиот модел модел – кој пак беше воведен на инсистирање на СДСМ за време на маратонските состаноци во Пржино, а во кој јасно стојат 100 дена техничко владеење. Дури и денеска да се распишат изборите , 100 дена до 25 ноември нема.

Иако се свесни дека е противзаконски, извршителите на власта сега наоѓаат оправдување во Уставот. За нив, одеднаш, Уставот, во чиј член 63 се предвидува избор на пратеници во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието, бил пред се и над се, се вели во информацијата на „Алфа“.