За Кишида „неприфатливa“ е одлуката на Русија за прекин на мировните преговори со Јапонија

Одлуката на Русија да се повлече од дијалогот со Јапонија за постигнување мировен договор претставува „неприфатливо“ остра, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида во текот на обраќањето пред Горниот дом на парламентот.

Претходно во понеделникот руското министерство за надворешни работи објави дека Москва, како одговор на чекорите кои ги презема Токио придружувајќи се на западните санкции, одбива да ги продолжи преговорите за постогнување мировен договор со Токио всушност прековорите за Курилските острови. Руските мерки опфаќаат и забпирање на безвизниот режим за Јапонците на јужните Курилски острови и повлекување од дијалогот за воспоставување заеднички економските активности на јужните Курили.

„Тоа е неприфатливо сурово, апсолутно неоправдано и недозволиво. Изразуваме решителен протест во врска со оваа одлука“, рече Кишида коментирајќи ја одлуката на Москва.

Одговарајќи на прашањето на пратениците за позицијата на Токио за прашањето на териториите и мировниот договор, јапонскиот премиер рече дека „позицијата на владата во однос на решавањето на територијалното прашање и склучување на мировниот договор не е променета“ по руската одлука.

„Истовремено, како што кажав и претходно, во заднината на настаните во Украина, дијалогот со Русија сега е невозможен“, додаде Кишида.

По почетокот на руската офанзива во Украина, западните земји предводени од САД воведоа нови сеопфатни санкции против Русија. Јапонија, исто така, воведе неколку пакети санкции, со кои се погодени десетици руски функционери и компании, како и извозот на стотици различни видови стоки. Покрај тоа, минатата седмица премиерот Фумио Кишида најави укинување на статусот „повластена нација“ за Русија што подразбира погодности во трговијата и заедничките вложувања.

Токио и Москва се спорат околу островите кои во Русија се нарекуваат Курили, а во Јапонија, пак, Северна територија. Советските трупи го освоиле овие области во последните месеци од Втората светска војна по што од нив избегале околу 17.000 јапонски војници, а овој територијален спор ги спречува Токио и Москва да постигнат повоен мировен договор, па така практични сѐ уште се во војна. Откако рускиот претседател Владимир Путин и тогашниот јапонски премиер Шинзо Абе во декември 2016 година се договорија да започнат договор за заеднилки проекти на овие острови, постигнат беше голем напредок.

Јапонија полага право на островите Кунашир, Шикотан, Итуруп и Кабомаи, повикувајќи се на билатералниот Трактат за трговија и границите од 1855 година. Во 1956 година, тогашниот СССР се согласи да се разгледа можноста за предавање на островите Хабомаи и Шокотан откако беше постигнат мировен договор. Советската страна тогаш се надевала дека со тоа е затворен територијалниот спор, но Јапонија не се откажува од претензиите на сите острови, поради што мировниот договор досега не е склучен. Ставот на Москва е дека спорните острови станале дел од СССР по Втората светска војна, како и дека е несомнен суверенитетот на Русија над нив.