6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

За консултантски услуги МВР ќе се плати над 60.000 евра

 Министерството за внатрешни работи објави оглас за консултантски услуги за изготвување на проектна документација која ќе се користи при извршување на набавка на услуги за изработка на биометриски документи.
Проценетата вредност на договорот изнесува 3.000.000 денари без ДДВ, односно околу 50 илјади евра. Со вклучено ДДВ сумата која ќе ја плати МВР би надминала 60 илјади евра.

Постапката за доделување на договорот ќе биде со скратени рокови, а како причина е наведено – намалување на роковите поради итни причини. Во огласот не е наведено колку ќе изнесува времетраењето на договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.