За квалификациите во Лигата на нациите повикани 18 фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета на првите два натпревари од Лига на Нации.

„Црвено-жолтите“ на 6-ти септември се среќаваат со Гибралтар, три дена подоцна (9 септември) играат со Ерменија.

На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 18 фудбалери, но поради повреда неизвесен е настапот на Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Дарко Велковски (Ријека).

Повик од Ангеловски добија:

Голмани: Столе Димитриевски и Давид Митов Нилсон;

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски и Мите Цикарски;

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езџан Алиоски и Елиф Елмас;

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.