За Лајпциг само бод во дербито со Баер

Во дербито од 24-то коло на германската Бундеслига, РБ Лајпциг и Баер од Леверкузен одиграа 1:1, па клубот од источна Германија сѐ повеќе заостанува зад лидерот минехнски Баерн.

Гостите поведоа во 29 минута со голот на Леон Бејли, а домашните израмнија само по три минути со погодокот на Патрик Шик.

Лајпциг остана втор со 49 бодови, сега три помалку од водечкиот Баерн, додека Баер е петти со 44 бодови, позиција од која се квалификува во групната фаза од Лига Европа.

Без победник заврши и дуелот меѓу Унион Берлин и Волфсбург (2:2), иако домашните имаа предност од два погодока. Унион поведе поведе Себастијан Андерсон во 41 и Марвин Фридрих во 56 минута, а гостите во игра ги врати Јаник Герхард во 60 минута, а бодот го обезбеди Воут Вегхорст во 81 минута.

Унион Берлин остана моментално на десеттата позиција со 30 бодови, бод односно два пред Келн и Ајнтрахт кои имаат меч натпревар. Волфсбург и натаму е седмиц до 35 бодови, бод помалку од Шалке кој ја држи позицијата која води во квалификации за Лига Европа.