За Ливепрул Мерсисајд дербито, Мурињо поразен на „Олд Трафорд“

Садио Мане, Ливепрул

Во едно од најголемите, но и најмирни дербија на англискиот фудбал, Ливерпул на својот „Енфилд“ го совлада градскиот ривал Евертон со 5:2 и ја продолжи серијата од петнаесет кола без пораз во новото првенство, грабејќи кон титулата којашто ја нема освоено уште од 1990 година до кога беше најуспешниот клуб во Англија.

Актуелниот европски шампион ја впиша 14-та победа со едно реми и сега има дури 11 бодови предност пред актуелниот англикси првак Манчестер Сити кој падна на третата позиција.

На „Енфилд“ се одигра дуел со две сосема различни полувремиња. Првото беше „атомско“ со дури шест погодоци, а додека во продолжението падна еден гол, и тоа во судиското продолжение.

Ливерпул поведе уште во 6 минута со голот на Дивок Ориги по асистенцијата на Садио Мане, а во 17 минута водството го дуплираше Џердан Шакири. Мајкл Кин намали во 21 минута, но следеа уште два гола на „Редсите“, а стрелци повроно беа Ориги во 31 и Мане во 45 минута. Во последните моменти од првото полувреме намали Ришарлисон, а конечните 5:2 ги постави Џорџино Вијналдум во 90 минута.

Евертон веќе 20 години не славел на „Енфилд“, а во последните 20 натпревари Ливерпул не загубил од градскиот ривал, што е најдолгата низа во историјата на ова дерби. Евертон со поразот е на 18-то место со 14 бодови, еден помалку од местата кои обезбедуваат сигурен опстанок.

Во второто дерби на вечерта, Манчестер Јунајетд на својот „Олд Трафорд“ ги победи Тотенхем со 2:1.

Ова беше првото враќање на Жозе Мурињо на „Театарот на соништата“, откако во декември минатата година доби отказ и нема да го памети по добро. Имено, го доживеа првиот пораз на клупата на „Спарс“ во четирите натпревари откако на 20-ти ноември го презема лондонскиот тим.

„Црвените ѓаволи“ во мечот влегоа само како што можеа да посакаат и поведоа веќе во 6 минута со голот на Маркус Рашфорд. Во првите половина час од мечот Тотенхем беше притиснат но во 39 минута израмни преку Деле Али. Ова е неговиот четврти гол во последните четири натпревари и тоа под водство на Мурињо. Претходно, кај Аргентинецот Маурисио Почетино, на Али му беа потребни 30 натпревари за да постигне четири голови.

Во вториот дел уште на самиот почеток Јунајтед дојде до нова предност, а повторно стрелец беше Рашфорд во 49 минута од пенал. Во продолжението Тотенхем бркаше израмнување, но домашните се одбранија.

Манчестер Јунајтед се искачи на шестата позиција со 21 бод, а Тотенхем падна на осмото место со 20 бодови.

Челзи со идентичен разултат на својот „Стенфорд Бриџ“ ја победи Астон Вила. Во 24 минтуа домашните поведоа со голот на Тами Ејбрахам, а израмни Мамуд Трезеге во 41 минута, за во 48 минута Мејсон Маунт да ја врати предноста кај домашните.

Челзи е на четвртото место со 29 бодови, а Астон Вила е на 15-та позиција со 15 бодови.

Лестер Сити ја забележа и седмата последователна победа, овој пат со 2:0 против Вотфорд и со новите три бода скокна на второто место на табелата. Победата на „Лисиците“ им ја донесоа Џејми Варди во 55 минута од пенал и Џејмс Медисон во петтата минута од судиското продолжение.

Лестер дојде до 35 бода, осум зад водечкиот Ливепрул, а три повеќе пред Манчестер Сити. Вотфорд останува последен 20-ти со осум бодови.

Идентична домашна победа впиша и Вулверхемтон над Вест Хем, а стрелци беа Дендонкер во 23 и Кутроне во 86 минута. Вулверхемптон сега со 23 бодови се оддржува на високото петто место, со шест бодови зад Челзи, а Вест Хем е 13-ти со 16 бодови.

Саутеептон со 2:1 беше подобар од Норич. Стрелци за домашните беа Ингс во 22 и Бертранд во 43, а за гостите Пуки во 65 минута. Ова беше дерби на дното по кое Саутемптон излезе од опасната зона за бод, 17-ти е со 15 бодови, а Норич остана претпоследен 19-ти со 11 бодови.