За малку ќе настрадаше цистерна на патот Кочани – Македонска Каменица

На патниот правец Кочани – Македонска Каменица денеска за малку ќе загинеше возач на цистерна кога цел рид од карпи се срушил во близина на селото Истибања.

Според информациите од вработени во „Македонија пат“ подружница Кочани, теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои 5 минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници.

„Свлечиштето започнало да се руши околу 11 часот. Во тоа време имало само една цистерна која поминувала по патот, но кога видела дека паѓаат огромни камења возачот го запрел возилото. За среќа нема повредени. Од безбедносни причини патот е затворен за сообраќај, информираат од подружницата на „Македонија пат“ во Кочани“, пренесе порталот Досие.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат што ветуваше СДСМ додека беше во опозиција, односно побезбедни патишта од првиот момент откако ќе дојдат на власт.

Благој Бочварски како претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ токму на правецот Кочани – Македонска Каменица даваше изјави дека веднаш откако ќе дојдат на власт работите ќе се променат, патиштата ќе станат побезбедни и ќе се работи на развој на патната инфраструктура.