За Мицкоски лицемерни се обраќањата на Заев за „прочистување“ во правосудството

Срамно и лицемерно е обраќањето на аболираниот премиер Зоран Заев кон македонската јавност за прочистување во правосудството, оцени опозицискиот лидер Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во неделата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека со ваквите изјави кои доаѓаат од власта се само пресликување на она што опозицијата го бараше претходно

Па продолжува ‘копи пејст’ политиката на СДСМ. Тоа што денеска Зоран Заев лицемерно го говори, практично ние го говоревме уште во месец јуни кога баравме потекло на имотот на политичарите на судиите на обвинителите, но јас ќе ве потсетам на неколку факти коишто се многу значајни кога се обраќате лажливо и лицемерно кон јавноста кон граѓаните кон македонските граѓани, тогаш треба да имаме и една кратка реминисценција на тоа што се случуваше изминативе речиси три години, рече Мицкоски.

Додаде дека со споменатото денешно обраќање, Заев практично признал дека „капитулирала“ правната држава, потсети дека слична оцена изнела и министерката за правда Рената Дескоска кога кажа дека практично бил урнисан целиот правен систем, бил урнисан Уставот кога се случуваа оние насилни процеси во парламентот кога се правеше трговија со правото и законите во државата за да се реализираат политички цели.

Тоа денеска го потврдува и Зоран Заев дека они практично не направиле ништо освен што успеаја конкретно он самиот да се спаси од делото поткуп каде што македонската јавност гледаше како човекот практично бара поткуп за себе за сопственото семејство и ја злоупотреби се разбира тука и црквата за да практично испорача услуга кон граѓанин која што му е должност како градоначалник на таа општина. Единственото нешто што го направи е што во случајот се преквалификува обвинението за него и по некое си ново обвинение зад затворени врати без јавноста и транспарентноста на која што денеска се повикува во ова негово обраќање се емитуваше целосната снимка за случајот ‘Поткуп’, јавноста не можеше да биде сведок и да види што се случувало  и така наеднаш се пролеа онаа солза кога добивме нели ослободителна пресуда. Очигледно за дело коешто е класична корупција и криминал од страна на политичар во државата, рече Мицскоски.

Потсети на ткн „црвени линии“ кои премиерот Заев ги постави за сега обвинетата за учество во рекетриање шефицата на Специјалното јавно обвинителство.

„Истовремено се сеќавате на оние негови црвени линии за Катица Јанева. Кога велеше не ја даваме Катица Јанева, ја видовте Катица Јанева онаа слика со качулката и лисиците на раце, потоа велеше моја црвена линија се обвинителите во рамките на СЈО, гледате таму денеска аферата Кеш, која  практично ја згрозува македонската јавност. Луѓето едвај крај со крај врзуваат во месецот, а таму летале хонорари од илјадници би рекол и десетици илјади евра и 100-тици илјади евра. Безмилосно трошење на парите на граѓаните, едно дувло коешто требаше колепка на правото и правдината, прерасна во дувло на криминалот. Се поткупувале обвинители, се поткупувале директно или индиректно судии, адвокати, новинари. Тоа било практично класично дувло кое што му служело како алатка за поткуп на Зоран Заев нормално и креирање на обвиненија, а потоа и определени судски одлуки. Се сеќавате на неговата улога како главен реформатор во судството, се сеќавате и на оние инструкции коишто ги даваше неговиот адвокат до државниот јавен обвинител и можам вака да ви редам цела една прес-конференција сето она што се случуваше, а што имаше негативни последици во рамките на правосудниот систем во Република Македонија за да денеска онака храбро, лицемерно би рекол, дволично излезе и каже не успеавме овие три години, но еве сега готово кога ќе добиеме уште еден мандат навистина ќе биде сѐ како што треба без ни малку чувство на себепрекор и сите оние коишто биле дел од неговиот тим“, заклучи Мицкоски.

 

На Мицкоски му беше забележано и дека наводно досега имало разлика во тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборувало и тоа што го правело, со констатација на новинарот кој поставуваше прашање дека опозицијата велела дека е за правда, а факт било дека преговорите за СЈО и за Јавно обвинителство ги влечече очекувајќи да застарат процесите, а потоа се бунеле кога ОЈО ги зема случаите на СЈО. И ден денеска го осудувате тој факт. А самите сте свесни дека ако тоа не се случеше тие процеси ќе застареа, ќе пропаднеа. Како може во исто време да сте за правда, а во исто време и да се залагате тие процеси да пропаднат?, праша новинарт

 

   Ајде прво да видиме за што ние се залагаме. Ние велевме вака: Не е примерно, Катица Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител, бидејќи имаме индиции, пак би рекол и докази, дека е навистина корумпирана, и не може да биде унапредена од тоа што е сега таму. Тоа беше црвената линија на Зоран Заев. Сведоци беше и македонската јавност, и вие, и сите дека не била така едноставна работата, дека тоа што сме го говореле било точно, односно дека била замешана, еве ќе бидам благ, и ќе кажам дека во судскиот процес допрва ќе се развива, вмешана во еден коруптивен скандал. Има индиции за нејзино замешателство. Така, сега да го поддржиме предлогот за СЈО каде што таа ќе биде Републички јавен обвинител, е тогаш би биле надвор од нашите принципи, е тогаш не би биле за правда. Но, тоа беше црвената линија на СДСМ и Зоран Заев, за да потоа ја видиме истата црвена линија во качулка и во лисици. И внимавајте, сите, еве јас ви гарантирам, сите кои што денеска во му слугуваат на Заев, без разлика во кое ниво, како и што, да ја имаат таа слика пред очи секогаш. Зоран Заев е подготвен, секого да го пушти низ вода и да го претвори во таа слика, само за себе да се спаси. Секого. Запамте те ја таа слика и внимателно гледајте.

 

Понатаму, велевме: Не можеме да поддржиме со закон трансфер на јавните обвинители кои што се дел од Специјалното јавно обвинителство, во новото Јавно обвинителство. Си има закон, каде што Советот на обвинители треба да го одреди составот на обвинители кои што ќе бидат таму. Ќе има конкурс, транспаренте, нека си се пријават и овие. Но, имаме индиции дека ќе има сериозна злоупотреба со хонорари, безправно исплаќани, без основа и така натаму. Не, тоа е нашата црвена линија. За да денеска, преку аферата “Кеш“, македонсктата јавност е сведок дека сме биле во право.

 

Е сега, повторно ќе се навратам на она што го зборевте, би биле навистина само фанови на неправдата, и би биле лицемерни ако го поддржиме, а знаеме или имаме индиции дека има тука определени злоупотреби. Тука беше црвената линија. Сето останато, горе доле ние се усогласивме. Персоналните решенија не беа. И јас тоа го зборував и на прес конференција. Ајде луѓе за процеси да зборуваме. Ајде да зборуваме за тоа што вие го зборувате. За правда, безкомпромисна битка со корупцијата, без разлика Христијан, Зоран Заев. Еве, тргнете од мене, имав случај пред анти корупциска, седум месеци, два дена пред претседателските избори го отворија по допрен глас, откако имаше прес конференција портпаролот на СДСМ. После седум месеци, анти корупциска ме сослуша, ги слушна фактите и аргументите, ги провери претпоставувам, сите документи и докази и констатираше дека, немало ниту корупција, ниту пак имало било каква злоупотреба на службена должност. Јас, во меѓувреме, го оттуѓив тој дел, седум проценти сопственост во таа компанија, која што има концесија за тие три мали хидровентрали. И никому ништо. И никому ништо, и титу извинување, ниту некаква одговорност. Никому ништо. Но, во ред. Јас се навикнав да живеам со тие слабости на луѓето, и ќе продолжам да живеам и понатаму. Претпоставувам во отсуство на факти и аргументи, ќе измислуваат. Еве сега, повторно имаме докази. Луѓево, биле во аферата “Кеш“ заглавени до гуша со криминал. Јасен е законот колкави додатоци можат тие да имаат. Јасен е и законот за Специјалното јавно обвинителство. На што личо ова? Не личи на ништо. Е не може вие да преговарате едно а “позади завесата“ да правите друго. Не е коректно, одговори Мицкоски.