За минимални трошоци месечно се потребни 840 евра, за шест месеци кошничката е „потешка“ за 210 евра

Минималната потрошувачка кошница во Македонија што ја пресметува секој месец Сојузот на синдикатите на Македонија, според статистичките податоци, за ноември изнесува 51.714 денари или 840 евра. Таа е за 12.923 денари „потешка“ во споредба со мај годинава. Сумата е далеку поголема од просечната плата во земјава, која за септември годинава изнесува 32.553 денари.

Најголем дел од вкупната вредност на синдикалната кошница, според пресметките на ССМ, се издвојуваат месечно за храна – 19.518 денари, за режиски трошоци се потребни 12.983 денари, 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.

Во ноември минатата година, пак, синдикалната кошничка изнесуваше 34.893 денари. И тогаш како и сега, најголемиот дел од средствата беа за храна, за домување, превоз, хигиена, облека и обувки, култура и здравје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.