За Мишустин, Западот „ги украл“ руските девизни резерви

Рускиот премиер Михаил Мишустин го спореди со кражба замрзнувањето на руските девизни резерви од страна на Западот во рамките на санкциите на Западот поради војната во Украина.

„Со воведувањето на нови пакети санкции, непријателските земји се обидоа да нанесат што е можно поголема штета на нашата индустрија, финансискиот систем, да ја заплашат бизнис заедницата. Едноставно кажано, украдени се стотици милијарди долари од руските девизни резерви“, рече Мишустин во четвртокот во обраќањето на меѓународниот извозен фори, „Произведено во Русија“.

Притоа, рускиот премиер ги оцени дека неодамнешните инциденти со експлозии на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во територијални води на Шведска и Данска се „терористички напади врз (руската) инфраструктура за транспорт на гас“.

Се проценува дека поради западните санкции, околу 300 милијарди во златни и девизни резерви на Русија се замрзнати во странските банки. Мишустин денеска забележа во тој контекст дека „претходно декларираните и навидум непроменливи правила на соработка отворено се игнорираат од претставниците на Западот“.

„Веќе не зборуваме за фер конкуренција, во основа многу одлуки се засноваат на отворен протекционизам или разни видови моментни политички задачи“, изјави рускиот премиер.

Мишустин додаде дека противниците на Русија за преземањето на санкции не запреле пред фактот дека во отворена економија многу пазари се меѓусебно поврзани, што во крајна линија довела сите такви потез да ги погодат самите иницијатори.

„Тие веќе се соочуваат со рекорден раст на цените, поскапувања на гасот и електричната енергија, горивата и газот. Во многу земји на ткн развиен свет, кој до неодамна се гордееше со зелените технологии, се враќаат на јагленот како енергенс“, истакна Мишустин.

Според него, изгледаат апсурдни и самите намери Русија да биде исклучена од глобалната трговија.

„Од древните времиња, нашата земја била и останува важна компонента (на глобалните пазари). И тешко е да се замисли светската индустрија без руските ресурси и стои“, заклучи рускиот премиер,.