Избегнавме линч, сведочи тренерот на боречкиот клуб „Олимпија“ од Штип, Гордан Николов, кој заедно со колега и уште двајца борачи, учествувал во Изборното првенство во борење У23, кое се одржа вчера во скопски Чаир, во салата на училиштето „Зеф Љуш Марку“.
Четворицата штипјани биле физички нападнати од страна на борачи на домашниот клуб „Лирија“, како и нивни роднини, пријатели и навивачи, за време на дуелот во финалето, во кое учествувале токму борачи на „Олимпија“ и „Лирија“, додава во својот фејсбук статус тренерот Николов.
Инцидент !!! Денеска во Скопје -Чаир се одржа Изборно првенство У23 организирано од страна на ФБСМ и технички организатор Бк.Лирија на кој учествуваше и БК Олимпија-штип со 2 борачи и екипата ја водеа тренерите:Гордан Николов,КиреНисев која во една финална борба помеѓу борач од Олимпија и Лирија насата екипа на БК.Олимпија која броеше 4 луге беше физички нападната од помногу бројните што борачи и роднини и публика. на БК.Лирија па мораше да интервенира полицијата им благодариме на нашите сограѓани од БК.Балканец со исклучок на само еден член кој помогна да не бидеме линчувани не бараме од нив да не бранат но барем да го осудат ваквиот чин тоа е македонскиот синдром за жал, тврди Николов на фејсбук.
Инцидентот го потврди и полицијата, од каде велат дека спортистите од Штип биле физички нападнати од страна на повеќе лица.
На 26.01.2019 година околу 15,40 часот пријавено е дека во спортска сала во Средното училиште „Зеф Љуш Марку” лоцирано на улица „Лазар Трпковски” во Скопје, К.Н.(34) и Г.Н.(44), двајцата од Штип, додека се одржувал боречки натпревар биле физички нападнати од повеќе лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сепак, и покрај тоа што самото МВР потврдува дека станува збор за физички напад, НетПрес дознава дека 20-те Албанци, кои посегнале по гостинскиот тим, нема да бидат гонети за кривичното дело „насилство“, туку единствено за прекршок – „нарушување на јавниот ред и мир“.
Наводно, полицијата, раководена од министерот Оливер Спасовски, до Јавното обвинителство испратило препорака дека не постојат елементи на насилство во инцидентот, туку единствено за нарушување на јавниот ред и мир, а за ова дело, неофицијално, ќе се товарат и претепаните учесници од Штип, кои завршиле со телесни повреди.
Се поставува прашањето дали во игра е политички притисок врз полицијата, знаејќи дека раководството на „Лирија“ важи за блиско до функционерите на ДУИ.