За над 40 отсто од Русите, Државната Дума е бескорисна институција

Речиси половина од жителите на Русија сметаат дека сегашната Државна Дума, односно Долниот дом на парламентот е бескорисна институција. На прашањето дали животот на земјата може со истиот успех да се организира единствено со претседателски декрети, 43 отсто одговориле дека тоа е поефикасно.

Овие податоци се добиени врз основа на национално репрезентативната студија на социолошкиот „Левада центар“, подготвена во средината на ноември. Бројот на оние кои веруваат дека може да се управува со земјата само со декрети на претседателот, скокна со една третина од  32 отсто, од ноември 2011 година.

Бројот на жителите, кои сметаат дека парламентот и е потребен на Русија постојано се намалува. Во октомври 2007 година, 48 отсто од жителите се изјасниле дека Думата е корисна за нивната земја, додека во ноември оваа година 39 отсто од Русите го поддржуваат постоењето на Думата.

Две третини или 65 отсто немаат доверба во парламентот, а само 16 отсто му даваат позитивна оценка во последните две години од последните избори.