За напад на полицајци приведен 23-годишен скопјанец

Во Полициска станица Карпош синоќа во 23.45 часот бил приведен Д.А.(23) од Скопје, бидејќи во 21.20 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Како што соопшти МВР, за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.