За нападот во Норвешка осомничен Данец, убиени пет лица

За смртта на пет лица кои се убиени во Норвешка во напад со лак и стрела, е осомничен 37 годишен државјанин на Данска, соопшти полицијата.

Уште две лица, меѓу кои полицаец кој не бил на должност, се повредени во нападот кој се случи вчера на разни локации во градот Конгсберг кој е одалечен 68 километри од Осло.

Ејвинд Ос, шеф на полициските оперативни единици истакна дека осомничениот е фатен и дека делувал сам, а неговите мотиви сѐ уште не се познати.

-Полицијата ги дава овие податоци поради сите гласини на социјалните мрежи во врска со луѓето поврзани со овој многу сериозен инцидент, прецизирано е во полициското соопштение во кое се наведува државјанството на осомничениот, но не и неговиот идентитет.

Адвокатот на осомничениот потврдил дека тој соработувал со надлежните во истрагата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.