За нецели четири години на власт СДСМ го зголеми задолжувањето за 20 отсто

Задолженоста на Македонија е 60,7 проценти што значи според Мастрихшките стандарди оние во европската унија на кои што толку многу властите сакаат да се повикуваат сме високо задолжена држава. Тоа значи потешко обезбедување на кредити односно обезбедување на кредите со многу повисоки каматни стапки. Овој начин на менаџирање на државата направи парите да се многу поскапи за да може да функционира државата. Оваа власта тоа го направи за само три години. За споредба во 2017 година задолжувањето беше 46 проценти.

Изразено како процент од БДП, на крајот на септември годинава јавниот долг учествувал со 60,7 отсто во БДП, откако на крајот на минатата година тоа учество беше под 50 отсто, и изнесуваше 49,4 проценти. Границата од 60 проценти од БДП, што е всушност и Мастрихшки критериум за долгот, беше надмината на крајот на вториот квартал од годинава, кога тој достигна 60,3 проценти од бруто домашниот производ.

За само девет месеци јавниот долг на земјава се зголемил за над една милијарда евра, или за 11,3 процентни поени како учество на бруто-домашниот производ на државата.

Ова го покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии кои се оденсуваат на периодот заклучно со третиот квартал од годината.

Во првите девет месеци од годината долгот најмногу порасна како последица на земената еврообврзница од 700 милиони евра. Всушност, ако се погледнат внимателно податоците, може да се забележи дека задолженоста на земјава најмногу се зголемила во вториот квартал од годинава, за дури 967 милиони евра, додека во третиот квартал имаме пораст од близу 45 милиони евра.

Или, на крајот на годинава вкупниот јавен долг на земјава достигнал 6,57 милијарди евра, што е за 1,03 милијарди евра раст во однос на крајот на 2019 година.