За неносење маска казнети 873 лица

Вкупно 873 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, информира МВР.

Истовремено, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.