За Нетанјаху судењето за корупција е „обид за пуч“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени во неделата дека „неубедливите“ случаи против него претставуваат „обид за пуч“, ветувајќи дека ќе продолжи да ја води земјата без оглед на судењето за корупција.

„Наместо информациите да протекуваат, предлагам едноставно решение: сѐ нека се пренесува во целост, без монтирање, без кратење, за јавноста да има на увид сѐ“, рече Нетанјаху во воведното сослушување на Окружниот суд во Ерусалим.

„Со помош на вас и Господ, ќе продолжам да ви служам (…) ќе продолжан да ја водам Државата Израел и ќе се занимавам со прашањата коишто навистина се важни“, изјави најдолготрајниот израелски премиер во историјата и спомена подвижување на економијата, отворање работни места и зачувување на безбедноста.

Судењето на Нетанјаху започна во неделата на ерусалимскиот суд со воведното рочиште на коешто, и покрај брањето денеска да не биде присутен во судница, мораше да се појави бидејќи судот во средата му го отфрли ова барање. Адвокатите на премиерот во образложувањето на барањето наведува дека нема потреба Нетанјаху да се појави во неделата на судот само поради читањето на обвинението „чиишто поединости му се добро познати на нивниот клиент“.

Во ноември Нетанјаху беше обвинет за мито, измама и злоупотреба на довербата во три случаи кои вклучувале подароци од пријатели милионери и наводно барање регулаторни услуги за медиумските тајкуни во замена за поповилно известување. Обвинет е, исто така, дека со најпродаваниот израелски весник Yedioth Ahronoth договарал носење закон кој ќе ѝ помогне на издавачката куќа на весникот на штета на другите, во замена за подобро следње на неговите политики. Обвинет е и дека давал регулаторни услуги на водечката израелска телекомуникациска компанја „Bezeq Telecom“ за позитивно да се пишува за него на интернет порталот во сопственост на компанијата.

Нетанјаху пред една седмица даде свечена обвеска за рекордниот петти премиерски мандат. На чело на владата на национално единство дојде по повеќе од една година политичка блокада и по дури три парламентарни избори во тој период кои не дадоа јасен победник.

Како премиер, Нетанјаху поради кривичната постапка нема законска обврска да поднесе оставка и рече дека неговата судска битка нема да влијае врз неговата способност да ја извршува должноста шеф на владата.

Предвидено првично за средината на март, судењето на премиерот поради епидемијата на коронавирусот беше одложено за 24-ти мај. Ублажувањето на рестриктивните мерки за изолација возможи отворање на училиштата и судовите, па така и почеток на судскиот процес против Нетанјаху.