За невакцинираните во Русија ќе биде ограничена можноста за работа

Кремљ соопшти во вторникот дека неко од граѓаните кои не се вакцинирани против коронавирусот и оние коишто не стекнале иминутет, нема да може да работат на своите работни места во Русија.

„Стварноста е таква што сигурно ќе се случи дискриминација. Невакцинираните лица и оние без имунитет нема да може да работат секаде. Тоа не е возможно. Би претставувале закана за сите околу себеси“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот предупреди дека ситуацијата со коронавирусот во некои руски региони се влошува, а властите веќе започнаа со засилена кампања за вакцинирање за да се сузбие бранот на ширење на заразите.

Во Русија во вторникот се забележани 546 починати од последиците на болеста Covid-19, кои ќе се потврдуваат офцијално откако ќе биде потврден крај на пандемијата. Станува збор за најголемиот потврден број смртни исходи во еден ден уште од февруари, со 16.715 новозаразени во последните 24 часа, со што продолжува драматичниот пораст на случаите што властите ја припишуваат на ширењето на делта варијантата односно ткн „индискиот сој“ на коронавирусот.

Руските власти настојуваат да ги натераат граѓаните да се вакцинираат нудејќи има за возврат шанси на лотарија да освојат автомобил, како во Москва, или станови. За оние кои не сакаат да ја примат вакцината, пак, им се заканува намалување на приходите поради отсуство од работното место па и откази.

Во Москва и околниот регион првпат во Русија минатата седмица беше воведено задолжително вакцинирање за вработените во секторот за услуги. Вработените кои ја одбиваат вакцината во секторите во кои таа е задолжителна, може да бидат испратени на неплатено отсуство.

Во вторникот градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека ги изменува условите за работа на угостителските објекти во руската престолнина, според што од 28-ми јуни сите ќе работат во ткн „безковиден“ режим.

„Слични правила за посета на ресторани и кафулиња веќе неколку месецо има во многу европски и азиски градови. Време е да научиме нешто од нивното искуство, доколку сакаме да избегнеме ново многу непосакување затворање“ на Москва, објави Собјанин на мрежната страница на руската престолнина.

Кремљ во петокот остриот раст на новозаразените го припиша на двоумењето на граѓаните да се вакцинираат и на нихилизот. Русија, досега произведе и одобри четири вакцини против коронавирусот, а првата вакцина „Спутник V“ е наменето за извоз и производство во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.