За новиот лидер на унионистите приоритет е отфрлање на Протоколот за Северна Ирска

Новиот лидер на северноирската Демократската унионистичка партија (DUP), Едвин Поутс изјави во неделата дека неговиот главен приоритет следните месеци ќе биде отфрлањето на Протоколот во Северна Ирска.

Поутс изјави дека планира да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон и со ирскиот премиер Микал Мартин во текот на првите 90 дена на новата должност за да се направи обид да се разрешат проблемите кои настана по прашањето на трговијата по истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.

Во моментов Поутс е министер за зејоделство на Северна Ирска, а за весникот The Sunday Life вели дека нема да оди на состаниците на ирските и североирските министри, додека не биде решено на протоколот.

Велика Британија и ЕУ потпишаа договор за раздружување чиј дел е и Протокотло за Ирска и Северна Ирска. Со овој протокол треба да се сочува мирниот договор постигнатк на Велики петок, со кој се укинати контролите на ирскиот остров меши Република Ирска, коај е членка на Европската унија, и Северна Ирска, која е покраина на Обединетото Кралство.

За да се избегне воведувањето на ткн „тврда граница“ на ирскиот остров и истовремено да се заштити единствениот пазар во ЕУ, Протоколот превидува воведување на царински контроли на стоките кои од Велика Британија одат во Северна Ирска.

Поутс во интервјуто зборува за трговските аранжамни по брегзитот, реформирање на DUP, соработката со другите партии, за ирскиот јазик и за датумот на заминување на неговата претходничка Арлен Фостер од функцијата прва министерка на Северна Ирска.

Поутс, кој неодамна закрепна од операцијата на карцином, го порази на изборите за лидер на DUP шефот на пратеничката група во британскиот парламент Џефри Доналдсон.

Новиот лидер на северноирските унионисти вели дека побарал состанок со британскиот премиер Џонсон за Протоколот. ИСто така, ќе се сретне со министерот со Северна Ирска, Брендон Луис, со кого ќе разговара и за истиот проблем.

„Протоколот е далеку најголемото прашање. За мене тоа не е унионистичко прашање. Тоа е прашање за Северна Ирска, По завршувањето на преодниот период ќе ина само 15.000 контроли на добрата кои влегуваат во Северна Ирска од Велика Британија. Царините на стоките од супермаректите и храната која доаѓа во вашите продавници. Тоа ќе влијае на секој потрошувач во Северна Ирска“, вели Поутс во интервјуто.

Лидерот на DUP потсетува дека 98 отсто од лековите и медицинската опрема доаѓаат во Северна Ирска од Велика Британија, и дека може да се јават проблеми во достапноста на лековите за онколошките проблеми.

„Целосно е неприфатливо нашата здравствена служба да може да биде погодена од дополнителни трошоци, а поради тоа можеби би можела да остане и без одредени потрбени материјали“, вели Поутс.

„Мораме да изнајдеме решение коешто сето ова ќе го надвладее. ЕУ треба да препознае дека Протоколот не е соодветен за целта. Не финкционира и не може да функционира, па мораме да смислиме нешто ново“, смета водечкиот северноирски унионист.