За ОБСЕ јакне кризата во БиХ, ЕУ подготвена да испрати илјадници војници?

Највисоките функционери на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во неделата предупредија дека властита на ентитетот Република Српска со своите чекори „опасно“ го загрозувале мирот во Босна и Херцеговина и „во целиот регион“, додека од групацијата на Зелените во Европскиот парламент објавено е дека наводно Европската унија „доколку има потреба„ е подготвена воено да интервенира и веднаш во БиХ да испрати 6.000 војници.

Претседателката на ОБСЕ и министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и генералната секретарка на организацијата Хелга Марија Шмид се огалсија со изјавата во којашто неведува дека обидите на Република Српска со „еднострани одлуки да ги преземат овластувањата кои сега ги има БиХ како дрќава само ги зајакнуваат тензиите и го загрозуваат сѐ она што во БиХ е постигнато изминатите 26 години“.

„Ги повикуваме политичките лидери во Република Српска да се воздржат од негативните политички потези насочени кон поделби. Оспорувањето на Дејтонскиот мировен договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина носи со себе ризик од нарушување на мирот во државата и во регионот“, стои во изјавата на двете функционерки на ОБСЕ.

Челникот на босанските Срби, Милорад Додил, најави во ноември дека на парламентот на Република Српска ќе му упати предлог-закон со кој овој ентитет се повлекува од претходните договори за воспоставување на вооружените сили на БиХ, од федералните безбедносните агенции и од правосудните тела и единстениот систем за собирање на царините, како одговор на најавите од Сараево и ЕУ да се укинат ентитетските соодветни служби. Таквите иницијативи Додик ги образложува со „тенденциите да биде укинат“ српскиот ентитет што според него е токму спротивни на Дејтонскиот договор со кој беше запрена војната во БиХ во 1990-те.

Поради кризата во БиХ во оваа земја во текот на викендот допатува делегација на групациите на Зелените/ЕФЕ во Европскиот парламент чии членови разговараат со босанскохерцеговските парламентарци и други функционери за да испратат предупредување дека ЕП нема да биде само набљудувач на кризата во БиХ која ескалира откако парламентот на Република Српска на 10-ти декември ги освои заклучоците со кои ја повлече согласнота на ентитентот на државните закони за одбрана затоа што тој предвидува преземање на сите објеки на територијата на ентитетот и подоцна влегување во НАТО, како и индиректното оданочување како и за Високиот судски и обвинителски совет каде има прегласувања.

„Имаме гаранции (на генерал од ЕУ) дека тие можат да ги донесат единиците со бројност до 6.000 војници во рок од 24 часа“, изјави за регионалната телевизија N1 европарламентарецот Томас Вајц кој во Сараево е заедно со претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со БиХ и Косово, Роем Франц.

Претениците од Република Српска во парламентот на БиХ одбија да учествуваат во разговориет со Вајц и Франц со образложението дека групацијата на Зелените/ЕФЕ која се покажа радикална во периодот на крајот на војниет во поранешна Југославија и кои тие ја претставуваат има „неурамнотежени ставови“.

„Тие ги пренабрегнуваат ставовите на два конститутивни народи (Србите и Хрватите), уставот и општите состојби во земјата, а ставовите им се усогласени само со желбите на бошњачката политика“, изјави Снежана Новаковиќ Бурсаќ која е пратеничка во парламентот на БиХ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик.