За одговорност ги нема никаде, ама се церемонијал мајстори за погреби!

Во очекување на посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани кои загина во Бугарија, а кои треба да пристигнат секој момент на скопскиот аеродром, националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, на социјалните мрежи еуфорично го најави преносот во живо на на овој трагичен чин. Со фотографија од репортерски возила на МРТ, Забрчанец напиша „Во живо наскоро!“.

Морбидна промоција на еден ваков немил настан, додека власта не презема никаква одговорност за оваа кобна несреќа.

Изминатите денови беше најавен и план за пречек и испраќање на посмртните останки на загинатите, но, сето тоа наиде на реакции во јавноста, со ставови дека тоа не е соодветно во тој тежок миг за семејствата на починатите. Поради тоа синоќа бше направена и измена со што нема да има има колона по булеварот „Гоце Делчев“, како што претходно беше најавено од МНР, а посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта.