За одмор во Црна Гора нема да ви треба ПЦР тест

Сите ограничувачки мерки за посета на Црна Гора оваа сезона, вклучително и тестирањето за ПЦР, ќе бидат укинати за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија, кажа министерот за финансии и социјална помош на таа земја Милојко Спајиќ.

„Задоволство ми е да ве известам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и тестирање на ПЦР, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша Спајиќ на својот профил на Твитер, на руски јазик.

Тој рече дека Црна Гора останува безбедна и сигурна дестинација и оваа година.

„Сакам да ги поздравам сите што ќе одлучат да ја посетат Црна Гора“, додаде Спајиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.