За Орбан „Холанѓанецот“ е одговорен за застојот на самитот на ЕУ

Унагарскиот премиер Виктор Орбан го обвини во неделата својот холандски колега Марк Руте за ќорсокакот во кој се најде самитот на Европската унија на кој лидерите на земјите членки веќе трет ден се обидуваат да постигнат договор за планот за економско закрепнување на ЕУ погодена од пандемијата на коронавирусот.

„Не знам од која лична причина холандскиот премиер ме мрази мене или Унгарија, но преостро напаѓа. Не сакам никому да му ја ставам вината, но Холанѓанецот е вистинскиот виновник за целиот хаос“, изјави Орбан за новинарите.

Десничарскиот унгарски премиер кој е веќе десет години на власт, подолг период е цел на напади од страна на бирократизираниот Брисел поради тоа што тие го гледаат како „оддалечувње од демократското управување“.

Групата богати и ткн „штедливи“ западни и северни земји од ЕУ, предводени од Холандија, го блокираат постигнувањето на договор за планот за економско закрепнување во износ од 750 милијарди евра. Сакаат построги правила за користење на средствата, а најголема дискусија се води околу тоа дали треба на земјите кои „не ги исполнуваат демократските стандарди“, при што први на удар се Послка и Унгарија кои имаат десни влади, да им се одземат парите.

Унгарија пред почетокот на самитот во петокот се закани дека ќе вложи вето на предлогот на Холандија на „националните програми кои го поткопуваат владењето на првавото“ да им се блокира пристапот до средствата од ЕУ.

„Она што се случува е помалку чудно, бидејќи постои стопроцентен договор за владеење на правото. Ако некој не е подготвен да го прифати владеењето на правото, треба веднаш да ја напушти ЕУ. Не би требало парично да биде казнуван“, рече Орбан.

Додаде дека „тие момци кои ја наследија слободата, владеењето на правото и демократијата“, не мораа да се борат против комунизмот, како самиот тој и другите во источна Европа.

Руте сѐ уште не ја коментираше изјавата на Орбабн. Но на прес-конференцијата на 10-ти јули релче дека „многи го загрижуваат“ случувањата во Унгарија и во Полска.

„Имаме принципи на владеење на правото и демократијата, Европа не претставува само пазар и валута, туку и заеднички вредности“, истакна тогаш холандскиот премиер.