Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени во понеделникот во Будимпешта дека земјите од централна и источна Европа (CEEC) станале најконкурентната област за вложување на континентот, отворајќи го шестиот самит на овие земји и Кина на кој Пекинг вети нови вложувања, а дел од 16-те земји учеснички се подготвуваат да потпишат дваесетина поединечни договори со оваа светска економска сила.
Шестиот самит на 16-те земји од источна и централна Европа и Кина, ткн формат 16+1 кој е започнат во 2011 година, се одржува годинава во главниот град на Унгарија, а меѓу учесниците е и македонскиот премиер Зоран Заев. Кина овој дел од Европа го гледа како интегрален дел од својот проект „Еден појас, еден пат“, своевиден современ вид на древниот Пат на свилата и е еден од најамбициозните проекти за инфаструктурното и сообраќајно поврзување во светот воопшто.
Во своето обраќање на почетокот од собирот на кој учествува и голема кинеска делегација предводена од премиерот Ли Кечијанг, неговиот унгарски колега Виктор Орбан истакна дека 16-те земји кои учествуваат на самитот претствуваат „мотор“ кој стои зад европскиот економски раст, како и дека за остварување на целосниот потенцјал ѝ се потребни „моќни сојузници“.
Кинескиот премиер Ли на собирот најаво дека Кина има намера да вложи 2 милијарди евра во развој и инвестициски проекти во централна и источна Европа која последните години ја гледа како извонредно интересен регион, а соработката со овие земји е двострано полезно за сите учесници. Последните години, додаде Ли, економската соработка на Кина и споменатите земји постпено се зголемува.
На шестиот самит освен претставниците на Македонија и на домаќинот Унгарија, учествуваат и шефовите на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словенија, Словачка, Србја, Црна Гора, Хрватска и Чешка. Првиот самит на оваа иницијатива е одржан во Варшава во 2012 година, вториот во Букурешт во 2013 година, а третиот во Белград во декември 2014 годна, четвртиот кон крајот 2015 година во Кина, а петтиот минатата година во Рига.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави на состанокот дека постојат сите услови коишто ќе обезбедат плодна соработка меѓу компаниите од спомнатите европски региони и Кина, бидејќи овие земји пружаат добри можности за кинеските компании низ своите „политики, економскиот раст кој е над европскиот просек, како и конкурентниот амбиент за вложувања“.
Ден пред почетокот на собирот на прес-конференција Сијарто најави дека на самитот ќе бидат потпишани 23 поединечни доовори меѓу државите од централна и источна Европа и Кина. Унгарија, којашто како и соседна Србија е многу активна во економската соработка со Кина, сака да стане клучниот извозник во Кина меѓу земјите од регионот, како и прва дестинација за кинеските вложувања во источна и централна Европа, додаде.