14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

За Османи нема ништо спорно во албанското знаме на Самоиловата тврдина

Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 го искоментира поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина.

Според него знаме може да се постави каде било и тоа е дозволено со закон.

За потсетување, едно од лицата што го постави знамето беше казнето и протерано од Македонија со забрана за влез од 5 години, откако го развеа знамето на Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид, а следеа и многу реакции.

Реагираше и Џафери според кој казната е престрога и партијата на Села кои изразија загриженост.