За осумтемина пратеници од опозицијата 24 часа полициска заштита

Дваесет и четиричасовна полициска заштита за осумтемина пратеници кои гласаа ЗА уставните промени. Од МВР велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучила тоа да го стори по своја проценка, по многубројните закани кои се упатуваат до дел од пратениците, пред се на социјалните мрежи, пренесува ТВ24.

Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците, велат од МВР.

МВР вчера поднесе кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници против 48 – годишен скопјанец. Тој на својот ФБ напишал:

Да даде Господ од утре еден по еден од овие да ги гледаме во некролог по бандери и весници. Гроб да неможе да им направат на Македонска земја !!!!“

Од ОК на ВМРО–ДПМНЕ од Струга побараа од пратеничката Нола Исмајлоска Старова, која гласаше за уставните измени, да го врати мандатот поради како што велат стружани кои гласаа на претходните парламентарни избори не и дале легитимитет да гласа за промена на Уставот и името на Република Македонија.

Според тоа, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, по предлог на ИК на партијата, едногласно донесе одлука за поведување дисциплинска постапка-исклучување од партија на Нола Исмајлоска-Старова, која гласаше спротивно од партискиот став, но пред се, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија “ –  рече Мирче Аџиоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Осуммината пратеници од опозициските редови кои во Парламентот ги подржаа уставните измени се под засилено полициско обезбедување. Меѓу нив под полициска заштита е и домот на еден од охридските пратеници.

Камерата на ТВ 24 вчера забележа полициско возило пред неговата семејна куќа, а од МВР потврдија дека под обезбедување се и останатите пратеници, но и дека работата на други кривични пријави против граѓани кои на социјалните мрежи упатуваат закани кон пратениците.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.