За Пекинг притисокот на САД врз Huawei е економско насилство

Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави во средата дека американскиот притисок врз кинеските компании како што е технолошкиот гигант „Huawei“ преставува чисто економско насилнички однесување и обид да се спречи развојот на Кина.

„Користењето на американската сила за да се задушат приватните кинески компании, како што е Huawei, е типичен економски билин“, рече Ванг, објави кинеското министерство за надворешни работи на својата интернет страница.

Ванг во засебно соопштени додава дека „кинеските порти секогаш ќе бидат отворени“ за трговските преговори со САД, меѓутоа дека нема да прифати никакви нерамноправни договори.

Двете земји заглавија во ќорсокак со заемното подигнување на царините откако пропаднаа преговорите за решавње на трговскиот спор, со кој САД сака да го намали огромниот дефицит што го има во тргувањето со Кина. Тензиите дополнително пораснаа кога Вашингтон минатата седмица го стави Huawei на „црната листа“ компании кои не смеат да купуваат компоненти и технологија на американските компании без дозвола на американската влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.