За погодените од земјотресот во Хрватска собрани близу 5 милиони евра

Извршниот претседател на Црвениот крст на Хрватска, Роберт Маркт изјави дека за граѓаните погодени од силниот земјотрес досега се собрани 36 милиони куни (4,8 милиони евра) донации.

-Сигурен сум дека сите кои уплатиле ќе бидат задоволни бидејќи овие средства ќе ги искористиме на најтранспарентен начин и ќе ги поделиме за граѓаните погодени во земјотресот, изјавил Маркт.

Посочува дека засега не е потребно да се испраќа храна, средства за хигиена и вода, бидејќи располагаат со доволни количини.