За помалку од 12 часа два земјотреси во Родос

19

За помалку од 12 часа во морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос беа регистрирани два земјотреси со јачина од 5,4 и 4,6 степени според Рихтер,без да има повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот земјотрес од 5,4 со епицентар на 30 километри северно од Родос беше регистриран синоќа, а бил почувствуван и на турското крајбрежје.

Утрово, кусо по 7 часот, во морскиот дел, 26 километри североисточно од островот беше почувствуван нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.