За Помпео и Матис нема докази дека саудискиот принц го наредил убиството на Кашоги

Американскиот државен секретар Мајк Помпо и министерот за одбрана Џим Матис изјави во средата дека не постојат цврсти докази кои упатуваат на поврзаноста на суадискиот престолоналседник прибнцот Мохамед бин Салман ал-Сауд со убиството на дисидентскиот новинар Џамал Кашоги на 2-ри октомври во саудискио конзулат во Истанбул, и истовтремено прдупредија на назадување на американско-саудиските односи, повикувајќи ги амриканските сенатори со своите изјави да не ги расипуваат стратешките односи меѓу Вашингтон и Ријад, поради споменатото убиство затоа што според нив тоа би претставувало грешка за националната безбедност на САД, а не би ги присилило Саудијците да тргнат во подобра насока во внатрешната политика.

Државниот секретар Мајк Помпео, им се обрати на новинарите, откако тој и министерот за одбрана Џим Матис го информираа американскиот Сенат зад затворени враи дека слабеењето на американско-саудиските односи поради убситвото на новинарот Џамал Кашоги кој од 2017 година живееше во егзил во САД, би можело да ја загрози американската национална безбедност.

„Не постои директен извештај кој го поврзува принцот престолоналседник со наредбата да се убие Џамал Кашоги“, рече Помпео.

Сепак, некои сенатори во САД излегоа од споменатото информирање на двајцата државни секретари во владата на претседателот Доналд Трамп зборувајќи поинаку.

„Мислам дека не постои никој во оваа просторија кој не верува дека е договорен за тоа“, изјавил републиканскиот сенатор Боб Корк, претседател на сенатскиот Комитет за надворепшни односи за новинарите по реферирањето на Помпео и Матис.

Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) проценила дека принцот престолонаследник Салман го наредил убиството на Кашоги. Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, пак, рекол дека ќе го повлече својот глас за сите клучни прашања, вклучително и предлогот на администрацијата за буџетот, додека не го добие информациите на CIA за оваа тема.

Меѓутоа, министерот за одбрана Џим Матис, слично како и шефот на дипломатијата Мајк Помпео, тврдат дека САД го немаат „решавачкиот доказ“ дека принцот Салман го наредил убиството на новинарот Кашоги.

„Не поседуваме решавачки докази дека принцот престолоналседник е вмешан, ниту разузнавачката заедница, ниту кој и да е друг го немаат. Нема одлучувачки доказ“, рече Матис во Пентагон за новинарите додавајќи дека САД и натаму очекуваат одговорните за убиството да бидет изведен пред правдата.

Матис и Помпео по повторните повици на когресмените за посилен американски притисок врз Ријад по убиството на новинарот и поради саудиската вмешаност во војната во Јемен, предупредија на опасноста да се уназадат односите меѓу САД со нивниот стратешки арапски партнер на Блискиот исток.

„Октомвриското убуство на саудискиот државјанин Џамал Капшоги во Турција ги засили мјаукањата од Капито Хил и медиумскиот оган. Меѓутоа, уназадувањето на американско-саудиските врски би претставувало огромна грешка за националната безбедност на САД и неговите сојузници“, напиша Помпео на блогот по реферирањето пред сенатскиот Комитет зад затворени врати.

И американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја отфрли процената на CIA дека престолоналседникот бин Салман го наредил убиството на Кашоги. Минатата седмица тој вети дека САД ќе останат „цврст партнер“ на Саудиска Арабија и рече дека не е јасно дали принцот знаел за планот да биде убиени новинарот.ж

Тоа диополнително ги разлути членовите на Конгресот, меѓу кои и некои републиканци на Трамп, кои побараа истрага за можната вмешаност на принцот во ова злосторство. По споменатото сослушување републиканскиот сенатор Боб Коркер рече и дека секому е очигледно дека престолонаследнкот е одговорен за убиството на Кашоги.

„Имаме проблем. Сфаќаме дека Саудиска Арабија е сојузник, од одреден вид и полу-важна земја. Исто така, имаме принц престолоналседник кој е надвор од контрола“, рече Коркер кој е претседател на сенатскиот Комитет за надворешни работи.

Сунитската арапска коалиција предводена од Саудиска Арабија се борат во речиси четиригодишната војна во Јемен од 2015 година за да јагио вратат на власт владата којашто ја потиснаа Хутите, побунетото шиитско племе, коишто соседните сунити ги сметаат за „продолжена рака“ на шиитски Иран. Во оваа војан убиени се повеќе од десет илјади луѓе, меѓу кои многу цивили и деца, а ја предизвика и најголемата хуманитарна криза во светот.

Во своите куси коментари од средбата со сенаторите, кои беа објавени додека реферерањето беше во тек, Матис рекол дека повлекувањето на американската воена поддршка за Јемен и запирањето на продажбата на оружје за важните партнери, како што тоа го сторија некои европски земји за Саудиска Арабија, би било погрешно.

„Нашите безбедносни интереси не може да бидат отфрлени, дури и доколку бараме одговорност за убиството на Џамал Кашоги, што претседателот Треамп го опиша како ’неприфтливо и страшно злосторство’, злосторство коешто ’нашата земја не го прифаќа’, порачал Матис.

Помпео, пак, аргументирал дека Саудијците се премногу важен сојузник за да биде изгубен, повикувајќи се на помошта на Саудиска Арабија во сузбивањето на иранското влијание во регионот, осигурување на демократијата во Ирак и во побраната против џихадистичката група Исламска држава и другите милитантни групи на Блискиот исток.

„Кралството е моќна сила за стабилноста на Блискиот исток… Саудиска Арабија, како и САД и за разлика од овие критичари, ја препознаваат големата закана којашто Исламската Република Иран ја претставува за светот“, напиша Помпео. Додаде, исто така, дека САД ќе обезбедат дополнителни 131 милион долари за помош во храна во Јемен.