За пописот може да се разговара со нормални луѓе, а не со власта која е полна со лажговци

167

Виктор Грозданов аналитичар и колумнист во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ говореше за пописот и посочи дека според него пописот треба да се одложи за најмалку два месеци.

Според Грозданов за оваа проблематика со пописот може да се разговара со нормални луѓе, а не со власта која е полна со лажговци и кои немаат чувство за безбедноста на граѓаните.

-Јас сега треба да примам попишувач кој може да ме доведе мене во ризик лично и да ги доведе сите возрасни лица во ризик. Јас како Виктор Грозданов јавно изјавувам дека доколку не е вакцинирам попишувачот не го примам дома и согласно законот ќе си ја примам паричната казна. Јас мислам дека пописот треба да се одложи за 2 месеци минимум, се укажува тоа и во реални рамки или пак да се донесат вакцини во оваа држава, да се вакцинираат тие луѓе. За тоа може да разговара со нормални луѓе, а со вакви лажговци, со луѓе кои немаат никакво чувство за безбедноста на граѓаните мислам дека нема за што да разговараме, рече Грозданов.

Грозданов во врска со пописот укажа дека пописот е потребен од економски причини и да се знае какво население има во државата.

-Ние треба да се попишеме од економски причини, економијата е многу битна, треба да знаеме какво население и што поседуваме ние како држава, додаде тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.