21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

За поранешниот министер за внатрешни работи упад на вооружена група во земјата и убиство на осум полицајци е „трагичен настан“?!

„Исклучително вознемирувачки и трагичен настан, кој подоцна во судските архиви беше заведен како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, напиша во саботата поранешниот министер за внатрешни работи а сегашен технички премир од СДСМ, Оливер Спасовски на социјалните мрежи по повод пет години од случувањата во кумановско Диво насеље.

Спасовски наведува дека Куманово и земјата два дена го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која загинаа осум припадници на Министерството за внатрешни работи.

Денеска се навршуваат 5 години од „Диво насеље“. Два дена Куманово и целата земја, во страв и неизвесност, го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Слава им!– напиша Спасовски.
Овој трагичен настан, додава, засекогаш ќе остане длабока траума за кумановци и за граѓаните на земјата.

Сигурен сум дека нарачателите имале подмолна намера, но присебноста на граѓаните не им дозволи да ја остварат, објави Спасовски.

За тоа како се одвивале настаните пред и во текот на оружениот судир од пред пет години во кумановската приградска населба Диво насеље кога беа убиени осумина македонски полицајци, СДСМ во 2016 година тврдеше дека поседува информации оти се вмешани тогашни државни функционери но никогаш такви докази не беа презентирани.

Се покажа подоцна дека во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема од ткн „бомби“, односно нелагално прислушуваните разговори до кои дојде тогашната опозиција сега владејачката СДСМ. Но пред три години ресурсот WikiLeaks објави материјали од кои се гледа дека вооружените лица од Диво насеље биле во комуникација со лица токму од СДСМ.

Според објавата на WikiLeaks од мај 2017 година, а станува збор за разузнавачки извештај на американската администрација, лицата кои според начинот на кој го иницираа судирот со македонските безбедносни служби може да се карактеризираат како терористи, биле во комуникација со одредени структури на СДСМ.

Вооружената група од дваесетина лица на 10-ти мај 2015 година извршија напад врз полициските единици кои превентивно делуваше по свои сознанија, со цел да спречат остварување на првичниот план на терористите за напад врз поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, коишто планирале да ги изведат на 15-ти мај, а што ќе резултираше со големи цивилни жртви.

Во преписка меѓу Стејт департментот и амбасадата на САД во Скопје, WikiLeaks објави меѓу другото дека:

„Тимот БРАВО потврдува дека најмалку 20 членови влегле од Косово, во моментот се концентрирани во ридовите околу Куманово. Иако себеси се сметаат за исламски радикали, оваа група употребува криминални и терористички методи“, се вели во преписката.

Во документот се наведува и дека групата терористи остварила веќе контакти со политичари во Скопје, и имало најмалку две средби во Приштина, како и дека постојат контакти со движењето кое заговара политички промени, мислејќи во прв ред на СДСМ и протестите кои тие ги организираа во тој период.

„Групата важи за блиска до (Рамуш) Харадинај од Косово, и остварила контакти со политичари од Скопје. Потврдени се најмалку две средби во Приштина. Тие ќе побараат промени од официјално Скопје. Членови на радикалите од Косово и ФИРОМ се во комуникација со поддржувачи на движењето за политички промени во ФИРОМ“, стои во документот објавен на WikiLeaks.

Притоа треба да се потсети дека само ден по завршувањето на полициската операција во кумановски, челникот СДСМ сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, се сретна со лица за кои безбедносните служби имаат сознанија дека се во блиски врски со структури од некогашната ОВК (UCK) и кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот.

Во документот на американската администрација стои и дека нивното дејствување било поврзано со антивладините протести кои ги организираше СДСМ пред Владата четири дена порано, кога полицијата се судри со партиските членови на тогшната опозиција.

„Нивното дејствување во Македонија зависи од моменталната политичка состојба. Важен детаљ е дека пред владата имаше антивладини протести кои беа сузбиени од полицијата. Целта на албанските радикали е користење на таквиот моментум“, стои во преписката на американската администрација.

Притоа треба да се потстседи дека на протестите кои ги одржа СДСМ на крајот од мај 2015-та се појавија знамиња на ткн „Голема Албанија“ и амблем на „113-та косовска ударна бригада“ чии поранешни припадници учествуваа во настаните во Диво насеље

Процената на американските служби била дека групата не се подготвува да дејствува во скоро време, но оти ќе пружи отпор доколку биде откриена од македонските безбедносни служби.

„Групата за брзо време нема да дејствува и ќе стекнува логистика, но ќе пружи откор доколку истата биде пресретната“, пишува уште во преписката меѓу американските служби.

Точно пред една година обвинителката Вилма Рускоска гостувајќи во емисијата „Само вистина” на Канал 5 зборуваше за настаните во Диво Насеље и за случајот во кој таа била втор обвинител, потврди дека има многу цврсти докази за сите обвинети и има ДНК-анализа и отпечатоци од сите осудени. Посочи дека нејзиниот колега кој бил прв обвинител веќе поднел жалба за ослободителната пресуда за четворица од осудените и сега, како што рече, чекаат да видат што ќе одлучи Апелацискиот суд.

„Овој предмет е многу добро сработен и воопшто нема политика во него. Не гледам каде граѓаните што протестираа гледаат политика во случај во кој од двете страни има загинати… Слушнав дека нема „бомби“ за него, туку само индиции“, истакна тогаш Рускоска.