За претседателот на МАНУ Тиранската платформа е прифатлива

82

Срамен, недозволив и против националните интереси е ставот на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Таки Фити, кој застана зад Тиранската платформа, која пак е вовед во редефинирање на Македонија според мислењето на мнозинството граѓани и експертската јавност.

За претседателот на МАНУ и поранешен министер за финансии во владата на СДСМ, Таки Фити, Тиранската платформа е прифатлива, тој ова го изјави во интервју за Фактор 24, на Телевизија 24.

На прашањето дали Албанската платформа за него е прифатлива, тој во име на МАНУ даде одговор дека не гледа загрозеност на македонскиот јазик во Тиранската платформата.

-МАНУ не гледа загрозеност на македонскиот јазик во т.н. албанска Платформа, МАНУ нема да прифати решенија  што се надвор од Уставот, изјави Фити.

Наместо да го слушне гласот на десетиците илјади граѓани кои секојдневно протестирааат во градовите ширум Македонија, меѓу кои има и голем дел кои својот глас го дале за СДСМ и Зоран Заев, Таки Фити срамно одработува за интересите на опозицијата, која е спремна и по цена на тргување со националните интереси да се дограби до власта.

Останува нејасно како Таки Фити смета дека македонскиот јазик не е загрозен кога во првата точка од Платформата од Тирана се бара македонскиот јазик да не биде единствен официјален јазик во Република Македонија.

– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија, стои во првата точка од Тиранската палтформа.

Претходно и други лица кои се меѓу главните идеолози во опозицијата, меѓу кои и Љубомир Фрчкоски, даваа изјави каде што велеа дека работите кои СДСМ ги прифатил за да дојде на власт, кои значат поткопување на темелите на државата, не се никаков проблем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.