За пристојните, поевтино кафе!

42

Со посебен ценовник сопственик на кафуле на Азурниот брег потсетува колку значи убавиот збор.

Едно кафе! – 7 евра

Едно кафе, Ве молам – 4.25 евра

Добар ден. Ве молам, едно кафе – 1.40 евра

kafeceni

Сопственикот решил да ги награди гостите кои пристојно и културно ќе порачаат кафе. Но, оние кои грубо ќе им обратат го очекува мала казна, малку повисока цена на кафето од вообичаено.

Сопственикот на кафулето на француските медиуми, раскажал дека веќе три години, се труди на своите клиенти да им понуди најдобро кафе и најквалитетно вино, но некои од гостите постојано нервозата ја истураат на келнерите, па затоа со посебен ценовник сака да ги награди оние кои се секогаш љубезни, пристојни и насмеани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.