За професорот Дескоски, фудбалерите се северномакедонски

Честитки до Северномакедонските репрезентативци за победата над Летонија (Латвија), напиша професорот Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда, Рената Дескоска.

За Дескоски, фудбалерите кои играат во националниот состав се северномакедонски, иако токму од Владата инсистираа да не се користи придавката северномакедонски,  бидејќи тоа не било согласно Преспанскиот договор.

На веб страницата на министерството за надворешни работи дури е наведено упатство за медиумите за Договорот од Преспа, во кое се наведени примери за користење на придавката, со експлицитно наведување дека северномакедонски е неправилно во сите случаи.

Но, сопругот на министерката во владата на Заев, веројатно знае нешто повеќе, па дури и во негативните коментари под неговиот пост за „Северномакедонски“, тој вели дека за жал, тоа е исправно и дека ќе мора да се навикнеме на придавката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.