За прославата на датумот за почеток на преговорите со ЕУ лани се потрошија над 100 илјади евра

Најтрагичното нешто е што денеска говориме дека ќе добиеме датум во октомви, но во август минатата година беа потрошени над 100 000 евра за прослава за добивање на датум за преговори, истакна Владимир Нелоски од ВМРО – ДПМНЕ во вчерашната емисија Клик плус, на ТВ 21 по што и црно на бело го покажа и прочина називот на настанот кој минатата година беше организиран од страна на Владата со име „Голема граѓанска прослава – Македонија во НАТО и ЕУ“ во чиј опис организаторите навеле дека земјава добила датум за преговори.