За пушачите на цигари пониска плата

Компанијата „Галп“ која престана да им го плаќа на вработените времето што го поминуваат на паузите за пушење, го доби случајот пред Врховниот суд во Шпанија, пренесе Танјуг.

Компанијата, која се занимава со енергетика, соопшти дека постапувала по шпанскиот закон кога го одземала времето поминато надвор од просториите на фирмата со вкупниот број работни денови на вработените.

Кратката пауза за кафе или појадок со колегите е, исто така, дел од политиката која „Галп“ почна да ја применува во септември минатата година.

Синдикатот, кој овој случај го изнел пред суд, планира да вложи жалба на пресудата. Според неодамнешните измени на шпанскиот закон, компаниите мораат да го бележат доаѓањето на вработените на работа и нивното заминување.

Како што објаснува Би-Би-Си, таквото надгледувањето требало да ја спречи експлоатацијата на работниците, да ја зголеми флексибилноста во со договор пропишаното работно време и да го реши проблемот на неплатениот прекувремен труд во Шпанија. Имено, во 2019 година, работниците не биле платени за три милиони часови прекумерна работа.

Сепак, ова барање имаше непредвидени последици за приближно 10 милиони пушачи во Шпанија.

Со снимањето на влегувањето и излегувањето на вработените од кацеларијата, компаниите сега можат да пресметаат колку време работниците поминуваат на работното место. Шпанските работници работат повеќе часови од повеќето останати Европјани, освен Италија и Португалија.

Во 2018 година, една компанија во Шпанија можела да очекува од вработените дека ќе работат 1701 часови, додека во Германија фирма можела да очекува 1363 часа работа, а во Британија 1538.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.