За разлика од Заев, од Мицкоски нема да чуете приказни

Имаме проблем со Зоран Заев кој ветува се живо на секаде и никому не вика не – ова е кажано од пријател на Република Македонија! За разлика од него (од Заев) од Христијан Мицкоски нема да чуете приказни дека на некого ќе му го омекнува срцето само за да ни се погледа низ прсти, туку има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Нашата програма ќе се базира на работа, работа и само работа на сите полиња, исто како да го имаме добиено датумот, исто како да бркаме исполнување на сите услови и сите поглавја со ЕУ. Само така можеме да обезбедиме Обнова на Македонија и да обезбедиме подобар живот за сите граѓани на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ се што ќе понуди на изборите ќе биде базирано на принципи и вредности и нема да биде базирано на нереални работи. Нема да лажеме како Зоран Заев кој ги манипулира и лаже граѓаните за да остане на власт, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„Ќе овозможиме и ќе понудиме победа на сите чии срца чукаат за промени, победа на жедните за правда, оние кои копнеат за сигурност, и на оние кои си ветуваат себе си дека нема да потрошат уште еден ден во сивилото наталажувано со децении и политиканството градено со години. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата Влада после изборите на 12 април и Христијан Мицкоски ќе биде следниот премиер. Иако ова го знаат од СДСМ нема да го признаат. Тие се зафатени со измислување на небулози, невистини и ниски страсти, како онаа зошто не сум бил во Берово. Следнава недела одам за Малешевијата, а посебно од таму ги чека убедлив пораз. Колку да не биде не сум кажал“.