За Реал дербито во Севилја

Во дербито од петтото коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид како гостин ја совлада Севилја со 1:0.

Голот кој на „Кралевите“ им донесе три бода во 64 минута го постигна Карим Бензема.

Реал со оваа победа прокнижи 11 бодови со кои е на второт оместо, колку што има и водечкиот Атлетик Билбао кој претходно во неделата со 2:0 го победи Алавес. Севеилја сега е петта со 10 бодови, колку имаат и Гранада, Реал Сосиедат и Атлетико Мадрид. Барселона со двата порази и едното реми има седум, бодови и е осма зад Вилја Реал.

Слабиот почеток на сезоната за клубовите од каталонската престолнина го потврди во неделата и Еспањол кој повторно дома беше победен, овојпат со 1:3 од Реал Сосиедад. Еспањол е само 18-ти со четири бодови.

Претходно Хетафе ја победи Мајорка со 4:2, пробивајќи се на 11-то место со шест бодови. Мајрока, пак, е 17-та со четири бодови.