За Реал само бод со Селта

Фудабалерите на Реал Мадрид во последниот натпревар од неделната програма од 24-то коло на шпанското првенство на својот „Сантјаго Бернабеу“ не успеаја да ја совладаат слабата Селта од Виго.

Гостите во водство ги донесе уште во 7 минута Фјород Смолов. Реал потоа со головите на Тони Крос во 52 и на капитенот Серхио Рамос во 65 минута од пенал направи резултатски пресврт, но Санти Мина во 85 минута ги шокираше домашните навивачи ѝ донесе значаен бод на Селта во борбата за опстанок.

Водечкиот Реал сега има 53 бодови, еден повеќе од Барселона која во саботата го совлада Гетафе со 2:1, додека Селта е 17-та со 21 бод, колку што има 18-та Мајорка која се наоѓа во зоната на испаѓање.

Претходно и Еспањол се избори за бод на гости во натпревар на кој домашните исто така направија пресврт, против Севилја, а мечот заврши 2:2. Домашните поведоа во 15 минута со голот на Лукас Окампос, но потоа Адри Ембарба во 35 и Ву Леи во 50 минута им донесоа водство на тимот од Барселона. Потоа кај гостите беше исклучен во 69 минута Виктор Санчез, а бод за домашните спаси Сусо во 80 минута.

Севилја не успеа да се пробие до третата позиција, остана петта со 40 бодови, колку и четвртиот Атлетико Мадрид, а два помалку од третопласираниот Хетафе. Еспањол, пак, остана последен 20-ти со 19 бодови, колку што има и претпоследниот Леганес, два помалку од Селта која е на безбедна позиција.

Леганес и Реал Бетис одиграа без голови, по што Леганес остана 19-ти со исто толку бодови, а Реал Бетис е 12-ти со 29 бодови.

Атлетик Билбао беше поразен на домашен терен од Осасуна, а победничкиот гол го постигна Оиер Санхурхо во 29 минута. Атлетик е десетти со 31 бод, а Осасуна сега се бодовно се израмни со Баските и е место подолу.