За Ребиќ упадот на РОСУ во Митровица е заплашување на Србите по поразот во Интерпол

Директорот на српската полицијата, Владимир Ребиќ, утрово изјави дека српската полиција знаела во текот на ноќта дека приштинските власти ќе влезат во северно Косово. Тој истакна дека Белград е подготвен да реагира ако дојде до егзодус на српскиот народ, но дека е убеден дека меѓународната заедница тоа нема да го дозволи.

-Ние сме подготвени да интервенираме ако дојде до егзодусот на српскиот народ, но убедени сме дека меѓународната заедница тоа нема да го дозволи, изјави Ребиќ за РТС, додавајќи дека 24 оклопни возила влегле во северниот дел на Косово спротивно на сите регулативи и резолуции.

Акцијата на косовската специјална полиција тој ја оцени како заплашување и реакција по поразот во Интерпол за приемот на Косово и изговор за кршење на прописите за заплашување на српскиот народ, за кој рече дека се надева оти ќе остане единствен.

Претседателот на собраниската Комисија за Косово, Милован Дрецун, акцијата на РОСУ ја оцени како престава за јавноста по дебаклот во Интерпол и демонстрација на моќ кон српските припадници на Косовските полицијски сили (КПС).

Тој акцијата ја оцени како продолжение на политичката приказна во врска со Српската листа и нејзината маргинализација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.