За рекордни 450,3 милиони долари продадена сликата на Христос од да Винчи (ВИДЕО)

Сликата на италијанскиот уметнички гениј Леонардо да Винчи „Спасителот на светот“ (Salvator Mundi) е продадена ноќта кон четвртокот по македонско време во Њујорк на наддавање на аукциската куќа Christie’s за рекордни 450,3 милиони американски долари.

Сликата на Исис Христос кој во левата рака држи кристална кугла, а десната ја подигнува во знак на благослов, од периодот 1506/13 година на наддавањето почетно се нудеше за 100 милиони долари, па вака постигна за четири ипол пати повисока цена.

Продажбата на ова дело го урна за речиси повеќе од двојно стариот аукциски рекорд кој го држеа „Жените од Алжир“(Les Femmes D’Alger) на Пабло Пикасо, подадена за 179,4 милиони долари во мај 2015 година.

По само 20 минутно наддавање на понудувачите, „Salvator Mundi“ стана сопственост на купувач чиј идентите не е познат.

Според весникот The New York Times, сликата на продажба ја понудил инвестицискиот фонд на рускиот милијардер Дмитриј Риболовлев, кој во 2013 година ја купил за 127,5 милиони долари.

 

„Светиот грал“ на колекционерите

Станува збор за слика којашто покажува извонредна мајсторска умешност, но долго се сметаше за копија од оргиналот, се’ додека неодамна експертите не ја потврдија нејзината автентичност.

До денес сочувани се помалку од 20 платна на Леонардо да Винчи, ренесенсен уметник, чиј опус бил извонредно ценет уште за време на неговиот живот, се наведува во објавата на аукциската куќа Christie’s.

„За аукциските експерти, ова е Светиот грал“, изјави на медиумското претстаување на сликата Лоак Гузер од споменатата аукциска куќа.

Сликата пред наддавањето беше изложена во Хонгконг, Сан Франциско и Лондон, од каде што беше однесена во Њујорк каде што јавноста можеше да ја види пред продажбата.

Делото, инаку, е со скромни димензии – 65 на 45 сантиметри, а е реставрирано по историската изложба посветена на да Винчи во лондонската Национална галерија којашто траеше од 2011 до 2012 година.

 

Ремек-делото од кралската колекција

Според експертот за творештвото на Леонардо да Винчи, Лук Сејсон, сликата најверојатно била насликана за француската кралска палата и се нашла во Англија по свадбата на Чарлс Први за франциската принцеза Хенриета Марија во 1625 година. Тогаш уметникот Валцав Холлар, најверојатно по наредба на кралицата направил гравура од платното.

Сликата била ставена во регистрарот на кралската колекција, составен една година по егзекуцијата на Чарлс Први во 1649 година, а пота била дадена на аукциска продажба во 1651 и во 1666 година е вратена во кралската колекција на Чарлс Втори. Според некои податоци, делото било изложено во личните простории на кралот. По 1763 година се губат трагите на сликата, сè додека не е пронајдена во 1900 година сериозно оштетена во приватна колекција.

Во 2007 година сликата е реставрирана во Институтот за ликовни уметности на Универзитетот во Њјорк. Следната година група меѓународно признати експерти за делата на Леонардо да Винчи го истражуваа платното во Националната галерија во Лондон и го споредуваа стилот на потписот со уште една позната слика на мајсторот „Мадона на скалилата“.

Според мислењето на одредена група експерти, сликата „Спасителот на светот“ се однесува на крајот на миланскиот период од творештвото на Леонардо да Винчи во 1490-те години, кога мајсторот ја насликал познатата „Тајна вечера“. Друга група стручњаци, пак, сметаат дека делото е насликано неколку години подоцна, во првата деценија од 1500-те во ткн фирентински период на да Винчи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.